Правила и услови за учество во "НЛБ Месецот на штедење"

Опис

Во рамките на „НЛБ Месецот на штедење" НЛБ Банка организира акција за цртање на тема „Истражуваме и штедиме со Тиби и Штуки“.
Овие активности се наменети за сите дечиња на возраст од 5 – 15 години во Република Македонија.

Целта на овие активности е да се поттикнат дечињата да штедат, да ги споделат своите и да откријат нови идеи за штедење.


Активностите траат од 25.09.2017 до 25.10.2017


КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?

Во „НЛБ Месецот на штедење“ можат да учествуваат сите дечиња на возраст од 5 до 15 години во Република Македонија.

Секој учесник треба да нацрта цртеж на тема „Штедење“ или „Истражување“.


КАКО МОЖЕ ДА CE УЧЕСТВУВА?

Учество во "НЛБ Месецот на штедење" се остварува со доставување на цртеж на тема „Истражуваме и штедиме со Тиби и Штуки“ најдоцна до 25.10.2017 г. до НЛБ Банка на еден од следните начини:


• Прикачување на цртежот на веб страницата stedenje.nlb.mk согласно со инструкциите дадени на самата веб страница,

• Во некоја од експозитурите на НЛБ Банка или

• Преку пошта на адреса: НЛБ Банка АД Скопје, ул.Мајка Тереза 1, 1000 Скопје.


На сите творби, од задната страна, треба да биде означено името, презимето, датата на раѓање, училиштето во кое учи детето, адресата на живеење, и телефонски број за контакт. За учество во "НЛБ Месецот на штедење" учесниците треба да достават писмена согласност од родител/старател која треба да вклучува:


• име и презиме на родителот/старателот;

• изјава дека родителот е запознаен со правилата за учество во оваа акција;

• изричита согласност за учество на малолетникот во акцијата и

• лични податоци за учесникот (име, презиме, дата на раѓање, адреса на живеење) со вклучена согласност личните податоци на малолетникот да бидат обработувани и објавени од страна на НЛБ Банка за потребите на акцијата.